Produkcija

С.МАКЕДОНИЈА

„Дневна соба на градот“ Битола

Во рамките на реализација на најновите концепти и програми од областа на библиотечно работење подржани од Министерството за култура, Ве покануваме да присуствувате на отворањето на новиот мултифункционален простор во библиотеката „Дневна соба на градот“ Битола.

За прв пат во нашата држава се промовира библиотечен интерактивен простор познат во светот како Community hub, кој ќе биде мобилен и наполно прилагоден кон граѓаните и нивните потреби за квалитетно поминување на слободното време. По пример на скандинавските библиотеки просторот има потенцијал за реализација на различни содржини поврзани со квалитетно користење на слободното време, можноста за користење на друштвени игри, добивање на различни информации, користење на бесплатен интернет и многу други програми креирани во соработка со граѓаните.

БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО РИЗНИЦА НА ДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ 

БИБЛИОТЕКАРСКО САВЕЗ МАКЕДОНИЈЕ РАСПИСУЈЕ ПОЗИВ ЗА РАД ЗА ОКУПЉАЊЕ БИБЛИОТЕКАРА И ТРЕЋУ МЕЂУНАРОДНУ КОНФЕРЕНЦИЈУ "„БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО РИЗНИЦА НА ДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 27 И 28 АПРИЛ ВО ОХРИД!!!
ТЕМЕ ЗА ОВУ КОНФЕРЕНЦИЈУ СУ:
1. ЗАШТИТА ПОКРЕТНОГ КУЛТУРНОГ НАСЛЕЂ
- ЗБИРКЕ БИБЛИОТЕКА КАО ПОКРЕТНО КУЛТУРНО НАСЛЕЂЕ И Њ
- СМЕШТАЈ, ОЧУВАЊЕ И КОРИШЋЕЊЕ БИБЛИОТЕКЕ СРЕДСТАВА;
- ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА БИБЛИОТЕКЕ ЗБИРКИ;
- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ФОНДОВА БИБЛИОТЕКЕ: ПИТАЊА И ИЗАЗОВИ;
- ДИГИТАЛНЕ БИБЛИОТЕКЕ
2. УЛОГА БИБЛИОТЕКЕ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ БИБЛИОТЕКАРА У НАСТАВИ/ОБРАЗОВА
3. САВРЕМЕНИ ТЕКОВИ У РАДУ БИБЛИОТЕКЕ ГДЕ СМО? (ПРЕДЛОЗИ И ЊИХОВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА).
4. БИБЛИОТЕКЕ УСЛУГЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРНУ ИНТЕ
РОК ЗА ДОСТАВУ ВАШИХ АПСТРАКА ЈЕ 15.3.2023. АПСТРАКТИ СТИГЛИ ПОСЛЕ 15.3.2023, НЕЋЕ СЕ РАЗМИТРАТИ!!!
ПОШАЉИТЕ СВОЈЕ АПСТРАКТЕ НА
ИО на БЗМ
др. Јана Михајловска, председница БЗМ
 

Библиотека од Охрид прогласена за Библиотека на годината

Библиотекарското здружение на Македонија  ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  за „Библиотека на годината“.
Во образложението на Комисијата се вели: – По внимателно разгледување на приложените  документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива  Основното  училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јованоски. Признанието ќе се додели на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, соопштија од БЗМ.

„Емил Павлов македонска спортска икона“

 
Во салата за промоции  во една спортско-книжевна атмосфера беше промовирана 21 книга на спортскиот новинар и спортски хроничар Кирил Манев „Емил Павлов македонска спортска икона“.
Промотор: Миодраг Мицковиќ- долгогодишен спортски новинар. Со свои обраќања за книгата и достигнувањата на Емил Павлов имаа Шабан Трстена- најдобриот спортист за сите времиња во Македонија, Петар Бели Стојановски - претседател на карате федерацијата и нашата гордост -каратистот Емил Павлов.
Текстови од книгата читаа Мелани Стојанова и Ангела Цекова, ученички од СОУ „Славчо Стојменски“.
Авторот на голем дел од присутните спортисти и подржувачи на спортот им подари книги за спомен.

Регионалната средба на хортикултурни библиотеки

Регионалната средба на хортикултурни библиотеки ќе се одржи во Битола од 19-21 април 2022. г. во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“.Библиотеките од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.

АГЕНДА

ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – РЕГИОНАЛНА СМОТРА  19-21.04.2021 Битола (Северна Македонија)

 

2. форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина“ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека, каде се наоѓа Секретаријатот на Библиотечната унија.
Библиотечната унија е дел од меѓународната соработка на Унијата на земјите од ЦИЕ и НР Кина и центарот за културна соработка на земјите од Унијата со центар во Скопје.
Вториот форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина како дел од меѓународната годишна програма на Министерството за култура на Македонија и годишната програма на културни настани на Град Скопје се одржува на 13 и 14 октомври 2021 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје.
На настанот ќе бидат претставени национални, градски, универзитетски библиотеки од земји членки на унијата потписнички на Декларацијата за културна соработка, како и претставници од библиотеките од Македонија.

Книги и кафе со наши писателки

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, ова лето 2021. ви ги претставува низ прекрасна дружба и кафе нашите локални писателки. Жени кои секогаш наоѓаат време за се. Нивните имиња сите ги знаат, но не само кај нас, туку низ целиот свет. Нивните дела зборуваат за нив и нивната неизмерна љубов кон пишаниот збор.

Светлана Папачек е наша писателка, жена чии дела зборуваат за силината на жената. На наше огромно задоволство можевме да ја запознаеме од блиску. Низ кафе и прекрасен разговор таа ни раскажа се за неа. Родена е во Скопје, но љубовта ја носи во Битола, каде основа прекрасно семејство, богато со историја и автентични приказни за животниот пат на лозата Папачек...

 

ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година - Година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Конески, исклучително значајна личност во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, еминентен лингвист, реномиран славист, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје, афирмиран поет, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот и препејувач од повеќе јазици, еден од основачите и прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија и на МАНУ.

Во чест на Блаже Конески е изработена дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ и истата е поставена на веб-сајтовите на НУБ „Св. Климент Охридски“ и на Дигиталната библиотека на РСМ. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др.

Чествување на Коле Чашул

На 2 јуни 2021 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје се одржа чествување на големиот македонски прозаист и драматичар Коле Чашуле. Чествувањето беше по повод сто години од неговото раѓање. За огромното дело на Коле Чашуле говореше проф.д-р Весна Мојсова -Чепишевска а делови од творештвото интерпретираше актерката Јована Спасиќ.
Настанот се одржи во спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката со почеток во 12.00 часот, со задолжително почитување на пропишаните мерки за одржување културни настани на затворено.
Коле Чашуле беше припадник на легендарната прва генерација македонски писатели. Тој континуирано бил присутен на македонската книжевна сцена повеќе од шест децении. Автор на дваесет и четири драми, дванаесет романи, четири книги раскази, шест кноги есеи и една монографија . Делата му се преведени на десетина јазици и добитник е на голем број награди во Македонија и во странство. Во 2003 година е избран за почесен член на МАНУ.
Коле Чашуле е роден на 21 март 1921 година во Прилеп а почина на 22 септември 2008 година во Скопје.

КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

 Деновиве Радовиш пулсираше во духот на 46 Караманови поетски средби на кои присуствуваа поети од  повеќе земји меѓу кои и големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Свеченото отварање на манифестацијата започна со изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василевски, продолжи со познатите стихови од Ацо Караманов  „Псалм за m-lle Lili“ а со кореографијата „Перон„ на балетското студио Газели, беше најавен големиот шпански поет, кој се претстави со повеќе песни од својот поетски опус, од кои поемата посветена на Македонија предизвика посебни емоции кај радовишката публика. По претставувањето на Хусто Хорхе Падрон од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска на големиот поет со светски глас му беше доделена Европската награда за поезија „Ацо Караманов“.

„Библиотека на годината“ за 2019 година

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите по објавениот јавен повик и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво оваа година библиотеките ЈУ Градска Библиотека „ Браќа Миладиновци“ – Скопје и Општинска народна библитека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, заедно да го понесат признанието „Библиотека на годината“ за 2019 година. Доделувањето на ова признание ќе биде на 6 декември 2019 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а по повод 75-годишниот јубилеј од нејзиното работење и дејствување.

Во Делчево и Македонска Каменица се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Во просториите на читалната при Јавната локална библиотека „Илинден“, денес во Делчево се одржа натпреварот „Млади библиотекари“ . На настанот како што информираше директорката Билјана Петровска, учествуваа вкупно 22 репрезенти на двете општиски основни училишта, кои писмено одговараа на прашалникот составен од 20 прашања.
 -Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, денес ЈЛБ ,,Илинден”, по 20 пат го спроведе натпреварот „Млади библиотекари“. На истиот учествуваа 22 учесници од двете основни училишта од Делчево. За пофалба е тоа што 4 ученици освоија по 100 бодови, што значи дека сите овие 4 ученици се победници на овој натпревар, со тоа што Дамјан Маневски ќе биде делчевскиот претставник на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, истакна Петровска.
Во текот на вчерашниот ден како што додаде, натпреварот „Млади библиотекари“ се реализирал и во Македонска Каменица.
 -Натпреварот во Македонска Каменица се одржа во клонот на нашата библиотека „Крсте Петков Мисирков“ и таму своето знаење имаа можност да го покажат вкупно 12 ученици. Како најдобар се покажа ученикот Андреј Георгиевски, кој заедно со Даме Ивановски ќе учествува на Републичкиот натпревар, додаде Петровска.
За регуларноста на натпреварот се грижеше повеќечлена комисија составена од професори по македонски јазик, додека прашањата беа дел од Прирачникот на Библиотекарското здружение на Македонија издаден 2018 година.

Меѓународна стручно-научна конференција на библиотекари во Штип

Во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип  ќе се одржи Меѓународна стручно-научна конференција на библиотекари во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) и Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ – Штип. Како што информира БЗМ, на конференцијата со стручни трудови, предавања и презентации ќе земат учество приближно 150 учесници од земјава, Србија, Турција, Словенија и Црна Гора. Теми на меѓународната конференција се „Јубилеј 70 години Библиотекарско здружение на Македонија“, „30 години COBISS во Македонија – придобивки и значење за развојот на библиотеките и библиотечната дејност“ и „Професионализација и заштита на библиотекарската професија“. На 18 октомври ќе има предавања за „Матичната улога на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје: предизвици, проблеми и решенија“, а ќе се заокружи со 46. годишното Собрание на Библиотекарското здружение на Македонија, соопштија организаторите.

НУ УБ „Св. Климент Охридски“  во регионална мрежата за хортикултурни библиотеки 

Во Лазаревац, Р. Србија на 10. И 11. Октомври 2019.год. се одржа Втора национална смотра и Прва регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотека домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците. Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народна библиотека од Србија. Претставници на библиотеките од регионот ги разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.

Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави.

Учесниците од НУ УБ „Св. Климент Охридски“ воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сфера на екологија, одржливоста на расположиви ресурси како дел од концептот за ткн. паметни градови.

Награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФ

Отворен е повик за поднесување на апликации за новата награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФЛ со кој се поттикнуваат што поголем број на јавни библиотеки во земјите во развој и транзициската економија да аплицираат и ќе бидеме многу благодарни ако можете да ни помогнете преку споделување на повикот преку вашите мрежи и контакти.
Еве ги деталите за повикот:

Аплицирај сега! Награда за иновација на јавната библиотека ЕИФЛ!
Новата награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФЛ, за народните библиотеки, кои вршат едукација за дигитални вештини на иновативни начини и кои ги приближуваат луѓето преку Интернет, сега е отворена за апликации. Дигиталните вештини се потребни сè повеќе, во работата и во секојдневниот живот. Во постојано менување на технолошката околина, на луѓето им се потребни доживотни можности да научат нови дигитални вештини. Опремени со компјутери и Интернет, народните библиотеки станаа важни играчи за приближување на луѓето преку Интернет и обезбедување на дигитални вештини.
Наградата е отворена за сите јавни и библиотеки во заедницата во земјите во развој и економијата во транзиција кои воведуваат обуки за дигитални вештини на иновативни начини и кои на луѓето им го приближуваат интернето


Реновирање во библиотеката „Другарче“ - ГБ БМ Скопје

Вo библиотеката „Другарче“ со донација на „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп“ извршено е реновирање на училницата каде се одржува курс по англиски јазик. Со тоа се создадени подобри и попријатни услови за работа на учениците кои го посетуваат курсот по англиски јазик во нашата библиотека. Во реновирањето беше вклучено:
Промена на застарената електрична инсталација со нова. Промена на застарените светилки со штедливи лед светла. Набавка на нови клупи и столчиња. Донација на плакари за чување на надгледен материјал.Освежување и молерисување на училницата. Разубавување на ѕидовите со весели мурали...
Овој проект беше продолжување на соработката меѓу ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп“, а со тоа е остварена и заедничката цел за подобрување на условите во културните институции и подобрување на квалитетот на заедничкото живеење за сите.
 

Одбележување на Меѓународниот ден на миротНУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола беше дел од настанот во организација на Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" кои традиционално по 8-ми пат го одбележуваа Меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима",  приклучувајќи се на сите мирољубиви  луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.

Настанот  се одржа на ден  21.09.2019 година на Градскиот Плоштад Магнолија на кој беше  испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј.
Соработници и поддржувачи на активностите организирани од Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" беа:  ОУ "Елпида Караманди" , ОУ "Стив Наумов" , ОУ "Даме Груев" , ОО на Сојуз на Борци, "Сумнал“ - здружение за развој на Ромската заедница, Сидо, Државно Музичко Училиште, Танцов Клуб Експоуз, Диџеј Петар Лимон.
 

Дигитални услуги во библиотеките 2.0

Во Бања Врујци (Р. Србија) во организација на здружение (InternetClub Srbija) на креатори создадени за поврзување на креативните и бизнис интересите поврзани со заеднички и успешни перформанси на глобалната компјутерска мрежа од 4 -6 јуни е организиран Акредитиран семинар за стручното усовршување на тема „Дигитални услуги во библиотеки 2.0.“ Библиотекари од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина имаа прилика да се запознаат со иновативните услуги и алатки за дигитализација наменети за библиотечните корисници.

На Семинарот од Македонија беа присутни библиотекари и стручни лица од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и НУ УБ „Св. Климент Охридски“, кои ги претставија своите програми и идеи за реализација на иновативните програми поврзани со дигитални услуги во библиотеки 2.0. Здружението ИНОВА Либ беше претставено од библиотекари од Радовиш и Пехчевo.

Врвните предавачи од областа на библиотечната дејност др. Адам Софронијевиќ, Весна Црнковиќ, представници од Министерство за култура на Р. Србија одговорни за дигитализација дипл. Инж. Вукосав Средојевиќ и др. Дејан Маслинковиќ. Во улога на медијатор и обединувач на идеи за демистификација на дигитализација. Практичниот дел на Семинарот даде насоки за подобро искористување на постоечките ресурси на библиотеките како во однос на опрема, така и во однос на стручниот кадар. Саемот на идеите и рад по групи донесе многу корисни и применливи идеи за проекти во иднина базирани на процесите на дигитализација, односно спој на аналогни и дигитални услуги за библиотечните корисници.

НОВА ПОДВИЖНА БИБЛИОТЕКА - БИБЛИОБУС

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.
Подвижната библиотека - Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.
Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.
Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови. Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги.

 ИНФОРМАТИВЕН ВОДИЧ

Во издание на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, финансиски помогнато од Град Скопје, излезе од печат „ ИНФОРМАТИВЕН ВОДИЧ низ библиотечната мрежа на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје “.

Овој Информативен водич, почитувани читатели има за цел да Ве запознае со можностите, ресурсите и услугите што ги нуди нашата Библиотека, одделите, читалните и просторот каде што се одржуваат многубројните културни манифестации
и активности.

1st China-CEEC Curators’ Forum of Librarian Union

Од 19 до 22 октомври во градот Ханџоу, Република Кина се одржа Првиот Форум на библиотечна Унија на Кина и з
емјите од Централна и Југоисточна Европа, 1st China-CEEC Curators’ Forum of Librarian Union, кој е дел од програмата 16+1. На форумот присуствуваше делегација од четири библиотеки во Македонија: ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје, НУБ “Св. Климент Охридски”, Скопје, НУУБ “Св. Климент Охридски” Битола, и НУУ Библиотека “Гоце Делчев” Штип. На одржаниот форм беше основана Првата библиотечна унија во која ќе членуваат библиотеки од 16 земји од „СЕЕС“ и 23 библиотеки од Р. Кина, како и потпишана Декларација и Акционен план за меѓусебно разбирање и заедничка соработка на библиотеките од Унијата. Форумот се одржуваше во Градската библиотека на Ханџоу која беше задолжена за целата организација на настанот.

Oтворена изложбата „За изгубениот Сефардски свет од Западен Балкан“

Во битолската библиотека на ден 04.10.2018 година, беше отворена изложбата „За изгубениот Сефардски свет од Западен Балкан“ која е посветена на сефардските заедници кои за време на Втората светска војна беа целосно уништени. А токму во Битола беше една од најголемите еврејски заедници, рече директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио. Целта на изложбата е да се развијат едукативни програми со кои ќе се зачуваат спомените за Евреите.

Изложбата ќе биде отворена наредните десетина дена во битолската библиотека, а се очекува да ја посетат поголем број на посетители-вљубеници во историјата, но и да се реализираат наставни часови од професори и наставници по историја, етика, граѓанско образование и македонски јазик со ученици од нашиот град.
По завршувањето изложбата продолжува по други градови низ Македонија.

Изложба на стрипови „Црно-бели животи"

Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години. 
Изложбата ќе биде отворена на 5 октомври 2018 година во 19.30 часот во НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.
Во истиот простор, следниот ден, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.

„Дигитални библиотеки“


Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ во соработка со НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола и Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш, во рамки на проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки", финансиран од Министерство за култура на Република Македонија и Општина Радовиш, објавува повик до јавните библиотеки во Република Македонија за учество на дводневна обука „Дигитални библиотеки“. Обуката е дизајнирана за библиотеки кои немаат технички можности за развивање на апликација за објавување на дигитализирано културно наследство на Интернет.

Дата на обука: 02 и 03 октомври 2018 год. (вторник и среда)
Место на одржување: Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“, Радовиш

ДЕТАЉНИЈЕ КЛИКОМ НА СЛИКУ
 
Креативна ликовна работилница за млади со Живко Поповски - Цветин
 
Во рамките на Радовишка летна културна сцена 2018, Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш организира Креативна ликовна работилница за млади под водство на познатиот сликар - Живко Поповски Цветин. Со оваа работилница под мото „Цвеќето во македонската поезија и уметност“ библиотеката од Радовиш се вклучува во регионалниот проект Хортикултурни е-Библиотеки.
Содржината на работилницата ќе биде исполнета со креативност, фантазија, поезија, дружење и е наменета за деца и млади со цел развивање на знаењето за книжевноста, откривање на својата личност како потенцијален креативец, зголемување на свесноста за потребата од себеизразување, доближување на најзначајните македонски автори до младата популација преку поезија и уметност.
Работилницата ќе се одржи на 10 јули од 17 - 19 часот и на 11 јули од 11 - 13 часот во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш
 
Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци
 
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје на 20 април во склоп на " Меѓународната конференција на библиотекари,  иноватори и креативци“,ви најавува премиерна изведба на монодрамата „БИБЛИОТЕКАРКА“ .Монодрамата нѐ запознава со ДРУГАТА СТРАНА НА БИБЛИОТЕКАТА , напишанаод перото и компјутерот на нашиот често контраверзен, но најголем библиотекар (според килограмите и наградите  добиени  во струката) Мирко С. Марковиќ. Главната хероина на оваа секојдневна  животна приказна, библиотекарката (во монодрамската комедија тоа е несекојдневната еротски и емотивно убедливата глумица Александра Сашка Манасивјевиќ) доминира со својата добрина....

„Велигденско патување“

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, училиштето за странски јазици„Росета Стоун“ – Битола, Француска Алијанса – Битола, Центар за германски јазик „Илиеви“ - Битола и ОУ „Гоце Делчев“ – Битола на ден 05.04.2018 година (четврток), го организираа настанот наречен „Велигденско патување“.
Настанот опфати презентации од ученици за Велигденските обичаи во Македонија, Англија, Израел, Бразил, Германија и Франција. Учениците презентираа за Велигденските симболи и кратка драматизација за велигденските обичаи. Во холот на библиотеката изложени се паноа со фотографии и изработки од страна на учениците.Во секоја држава различно се одбележува овој голем празник и секое одбележување според традицијата носи своја симболика и порака.
Убавината е во различностите, а запознавањето со другите традиции е доближување до нив. Инспирацијата од различните култура е само еден од начините да го направиме и нашиот дом поразличен и празничното прославување побогато и посвечено.

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ БИБЛИОТЕКИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Во рамки на конференцијата на директорите на националните библиотеки на Југоисточна Европа и согласно договорот за соработка што го имаат потпишано Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Националната библиотека „Св.св. Кирил и Методиј“ од Софија, на иницијатива на бугарската страна, се одржа работилница на тема Основната функција на библиотеките: Безбедно чување и заштита на кумулираното знаење на нацијата и на ракописното наследство.

На работилницата учествуваа експерти од одредени дејности од Националните библитеки на двете држави. Учесниците на работилницата имаа подготвено особено интересни и корисни презентации за конзервација и реставрација на библиотечен материјал и дигитализација, при што тие разменија информации за нови постапки во заштитата на библиотечните фондови. Стручни лица од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ги презентираа Одделението за заштита, Одделението Збирки и Археографски центар, Збирката за ликовни уметности и процесите на дигитализација. Потоа гостите ја посетија Лабораторијата за конзервација и реставрација во НУБ каде имаа можност да го видат системот на аноксиа (третман за дезинфекција од биолошки штетници), како и Центарот за дигитализација каде им беше презентирана опремата со која дигитализираме и на која се зачувуваат дигиталните објекти.

Истиот ден беше отворена и патувачката изложба на постери подготвена од колегите од бугарската библиотека, а поддржана од европски фондови. Изложбата насловена Книги, правци и публика : од фондовите на Националната библиотека на Бугарија, претставува копии од бугарското културно наследство што се чува во збирките „Ракописи и старопечатени книги“,„Ориентална збирка“ и Бугарски историски архив“.

44 караманови поетски средби - книжевно дружење на поети од повеќе европски држави 

 

Под покровителство на Општина Радовиш и Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Советот на караманови средби при Центарот за култура „Ацо Караманов“, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во тек е 44 традиционална манифестација „КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“.

По претставувањето на поетските книги ,,Камчето од Вардар" на Ерол Туфан и ,,Боите, боемика јас" на Павлина Кошевец во четвртокот, а синоќа со свеченото отварање на истите во Центарот за култура ,,Ацо Караманов", денес градската библиотека е местото каде е собрана поголама група на еминентни поетски имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Словенија, Унгарија, Англија и далечната Монголија кои имаат свое поетско читање и претставување во рамките на Карамановите поетски средби 2017 година.
Караманови средби , Ерол Туфан

 

Гејмификација во библиотеките  (by Innova lib)

Од 6 до 8 јуни 2017 година во бања Врујци, кај Љиг во Србија се одржа 21 семинар на виртуелната библиотечна мрежа на тема Гејмификација во библиотеките на кој за првпат учествуваа тројца библиотекари од Македонија: Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки, Ивона Џамтовска Јанкуловска и Биљана Кочишка од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. 

Присутните библиотекари ги поздрави организаторот на семинарот г-нот Мирко С. Марковиќ, самостоен советник библиотекар, кој ги објасни целите на семинарот и се осврна на трендот на гејмификација кој се почесто се применува во библиотеките во развиените земји но кој треба да почне да се применува и во нашите библиотеки како одговор на предизвикот на модерните трендови кои со брз интензитет навлегуваат во нашите животи. 

Весна Црнковиќ, директор на библиотеката Радислав Никчевиќ од Јагодина зборуваше за иновациите во библиотеките, ИФЛА и АЛА трендовите во јавните библиотекишто им овозможи на учесниците на семинарот да развијат чувство за иновација и да  ги подготват своите библиотеки за промени. 

МАКЕДОНСКИ БИБЛИОТЕКАРИ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКИ ВО СРБИЈА

Интернет клубот (библиотечната мрежа БИБЛИОТЕКИ ОД НАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ и Регионалната мрежа BIBLIOTECA FUTURA) од 16 ти до 18 ти мај организираа студиска посета за колегите од Градската библиотека "Браќа Миладиновци" од Скопје, во репрезентативни библиотеки од овој 18 години одржлив проект на библиотекарството во Србија.  Секоја од посетените библиотеки во (Јагодина, Лазаревац, Љиг, Ваљево и Градската библиотека во Белград ) се претставија со содржини што ја прави оваа библиотечната мрежа кохерентна во библиотечната заедница во Србија. Преку посебна панел програма Библиотеката - Вчера, денес, утре, организирана во просториите на тренинг центарот  на Интернет клубот во Врујица, гостите се запознаа со принципите и резултатите на од работата на невладината организација во библиотекарството и информациската дејност. 
Официјалната делегација ја сочинуваа: Александар Пујовски, директор на Градска библиотека Скопје, Васко Тодоровски - секретар, Гордана Андреева - програмскиот директор, Жаклина Угриновска - раководител на библиотеката, Анета Механџиски, Билјана Аџиовска-Панџарова и Дарко Пешиќ.

 

Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата

Македонија ја започна првата национална кампања "Отворена библиотека – Влези во нов свет!", посветена на улогата на јавните библиотеки во заедницата. 2017 е година на библиотеките на глобално ниво во која ИФЛА преку најразлични активности препорачува јавните библиотеки да бидат вклучени во националните стратегии во корелација со развојните цели од Агендата 2030 на Обединетите нации.

Кампањата ќе биде реализирана од страна на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје во соработка со Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ под покровителство на градоначалникот на град Скопје

Активностите ќе започнат со медиумска кампања (документарен филм и промотивно видео) постери, делење на флаери и граничници на книги во сите јавни библиотеки во Макеоднија, со цел да се запознае пошироката публика со идејата и концептот на настанот.
Во рамките на кампањата, на ти април 2017 год., на Скопски саем во рамките на Саемот за книга ќе се одржи тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницатакој е дел од иницијативата на EIFL-PLIP[1] за Балканот за 2015-2016. На форумот  ќе бидат поканети да земат учество претставници од Министерството за култура, директори на библиотеки, библиотекари, претставници од амбасади, од бизнис секторот, ИТ компании, фондации и невладини организации. На форумот ќе земат учество претставници од Бугарија и Србија кои со колегите од Македонија ќе ги споделат своите искуства, знаења и добри практики во насока на воведување на иновативност во библиотечното работење.

Паралелно со форумот во хала број 2 на Скопски саем ќе се реализира и настанот Отворена библиотека, каде ќе бидат поставени штандови за промоција на библиотеките, ќе се формира единствена сцена на книги, автори, издавачи, преведувачи, библиотекари и корисници кои ќе споделуваат искуства и ќе даваат препораки за избор на четиво, ќе се потенцира  општествената одговорност кон книгата и библиотеките и ќе се поттикне донирањето. Во рамките на овие активности ќе биде промовирана книгата Библиотекарка од авторот Мирко Марковиќ

 

ПОБЕДНИЦИТЕ НА НАГРАДНИОТ КОНКУРС - МАЈКАТА НАЈУБАВИОТ ЦВЕТ ВО ДОЛИНАТА НА МОЕТО ДЕТСТВО

Во чест на Меѓународниот ден на жената - Осми март, денес во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш објавени и прогласени беа резултатите од наградниот конкурс за најдобра литературна творба на тема: ,,Мајката најубавиот цвет во долината на моето детство". 

На конкурсот, со свои творби се јавија 45 ученици од основните училишта во општините Радовиш и Конче од кои првото место и припадна на ученичката Верче Атанасова од VII-3 одделение при ООУ ,,Крсте Петков-Мисирков" во Радовиш. Второто место го поделија учениците Маја Ужевска од VII-2 одделение при ООУ ,,Крсте Петков - Мисирков" во Радовиш и Стефани Јованова од V одделение од ООУ ,,Коста Рацин" од село Подареш. Треттото место го поделија учениците Александар Јосифов од VIII-1 одделение при ООУ ,,Никола Карев" - Радовиш, Филип Николов од VI-1 одделение при ООУ ,,Орце Николов" од село Ињево и Сара Спасова од ОУ ,,Гоце Делчев" од село Конче.