Produkcija

Izvori

 

 

 

 

1st China-CEEC Curators’ Forum of Librarian Union

Почесни гости на настанот беа Претседателката на ИФЛА, г-ѓа Глорија Перез Салмерон и Лиу Хаоџин, претседателка на Библиотечната организација на Кина. Секоја земја имаше претставување на работата и дејноста на библиотеките, беше потпишан Договор за меѓусебна соработка на ниво на професионално и стручно усовршување на вработени, техничка и информациска подршка, размена на библиографски податоци, како и културна промоција на земјите. Беа одржани четири панел дискусии на кои се дискутираше за актуелни теми од областа на библиотекарството и иднината на библиотеките, библиотечните трендови и нови иновативни сервиси.
Овој Форум ќе претставува биенална манифестација која на секои две години ќе се одржува во различна земја членка и ќе се спроведува во координација на сите библиотеки кои беа дел од настанот.