Produkcija

Izvori

 

 

НОВА ПОДВИЖНА БИБЛИОТЕКА - БИБЛИОБУС

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.Подвижната библиотека - Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.
Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта од Марино до Волково.Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови.