ПАМЕТЕН ДИГИТАЛЕН СПОМЕНИК НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ
На плоштадот на уметноста Долна Порта, беше промовиран дигитален паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид. Воскреснувањето на Григор Прличев преку алхемијата на најновите технологии ни овозможува синхроно да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.Холографската технологија, тродимензионалниот мултимедијален интерфејс и просторната звучна акустика го потопуваат виртуелниот аватар на поетот во срцето на неговиот роден град.