Регионалната средба на хортикултурни библиотеки

Регионалната средба на хортикултурни библиотеки ќе се одржи во Битола од 19-21 април 2022. г. во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“.Библиотеките од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
АГЕНДА
ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – РЕГИОНАЛНА СМОТРА
19-21.04.2021 Битола (Северна Македонија)










„Пчињското изборно евангелие“ – најстариот ракопис од реткиот фонд на нашата Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ – повторно го пронајде својот здив, овде меѓу древните охридски зидини, местото во кое зборот живеел отсекогаш. Со ова дело, напишано во последната четвртина на 16 век, повторно се затвора еден долг круг – круг на потрага, заштита и враќање дома. „Пчињското изборно евангелие“ важи за најстар ракопис зачуван во стариот – редок фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Ракописот е најден од страна на книжевниот историчар и истражувач на стари ракописи Михајло Георгиевски во необработениот фонд во библиотеката во1999 година. Тој го поттикнал тогашното раководство на Градската библиотека во Охрид, Евангелието да го даде во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје да биде заштитено.
Во Струмица се одржа 2.Меѓународен форум во организација на 

Денот на мајката се одбележува во втората седмица на месец мај, се со цел да се истакне мајчинството поврзано со децата, но и улогата на мајката во сите сфери на општественото живеење.
Следејќи ги иновативните и креативните програми во регионот и светот НУУБ Св.“Климент Охридски”- Битола, стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки на регионот и заедно со други библиотеки од Македонија стана носител на активности во нашата држава.Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника и подигање на свест за урбано живеење во склад со природата.Како дел од промоција на Проектот - „Хортикултурни библиотеки“ библиотекарите учествуваа во оплеменување на просторот наменет за корисниците на библиотека, особено во Дневната соба, проект кој наиде на пофалби од граѓаните на Битола. Библиотекарите од цела држава на 22. мај, Денот на биодиверзитетот ќе учествуваат во презентирањето на содржините значајни за развој на библиотечното работење преку апликативните програми важни за заедницата.За сите дополнителни информации во врска со средбата обратете се на контакт лица: Ирена Колевска - 076 766 202 и Јелена Петровска – 070 565 630
