МАКЕДОНСКИ БИБЛИОТЕКАРИ ВО СРБИЈА
Интернет клубот (библиотечната мрежа БИБЛИОТЕКИ ОД НАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ и Регионалната мрежа BIBLIOTECA FUTURA) од 16 ти до 18 ти мај организираа студиска посета за колегите од Градската библиотека "Браќа Миладиновци" од Скопје, во репрезентативни библиотеки од овој 18 години одржлив проект на библиотекарството во Србија. Секоја од посетените библиотеки во (Јагодина, Лазаревац, Љиг, Ваљево и Градската библиотека во Белград ) се претставија со содржини што ја прави оваа библиотечната мрежа кохерентна во библиотечната заедница во Србија. Преку посебна панел програма Библиотеката - Вчера, денес, утре, организирана во просториите на тренинг центарот на Интернет клубот во Врујица, гостите се запознаа со принципите и резултатите на од работата на невладината организација во библиотекарството и информациската дејност.
Официјалната делегација ја сочинуваа: Александар Пујовски, директор на Градска библиотека Скопје, Васко Тодоровски - секретар, Гордана Андреева - програмскиот директор, Жаклина Угриновска - раководител на библиотеката, Анета Механџиски, Билјана Аџиовска-Панџарова и Дарко Пешиќ.