Produkcija

Проект Хортикултурни библиотеки МК

Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола од 2017 година со поддршка од Министерство за култура во рамките на годишните програми, активно учествува во промоцијата на хортикултурните библиотеки, која со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот Мирко С. Марковиќ, консултант библиотекар и менаџер на мрежата на хортикултурни библиотеки од Р. Србија, за воведување на нови иновативни библиотечни програми кои придонесуваат за поголема препознатливост и влијание во средината. Библиотеките во Македонија на тој начин стануваат дел од активностите на повеќе држави од регионот кој се дел од проектот.

За таа цел во Битола ќе се реализира настан кој ќе има за цел да ја прошири мрежата на хортикултурни библиотеки во државата преку претставување на успешни и иновативни библиотечни програми од регионот. Ќе бидат презентирани практични решенија и програми за анимација на сите возрасти и искуства на библиотеките учесници. Тоа е воедно и реализација на програмите поврзани со УНЕСКО Агенда 2030.

Сите учесници библиотекари ќе добијат сертификат за учество.

Настанот ќе се одржи на 04.09.2023 г. во просториите на библиотеката со почеток во 11 часот.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете од:

Програмски раководител

М-р Јелена Петровска, библиотекар советник

Контакт телефон - 070565630