Produkcija

Izvori

 

 

„Кружок на моќта и поддршката“

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Здружението за еднакви можности и права „ЛИЛЛА СИЛА“ – Битола и Женскиот центар за поддршка, се одржа предавањето на тема: „Кружок на моќта и поддршката“ Во топла и доверлива атмосфера, учесничките разговараа за личните граници, моќта на заедничката солидарност, препознавањето на ризични ситуации и начините на градење поддржувачки круг околу секоја жена. Настанот беше уште една важна алка во заедничката борба против сите форми на насилство. Со искрен дијалог, споделени искуства и охрабрувачки пораки, ја испративме јасната порака дека никоја жена не е сама и дека секогаш постои место каде што може да биде слушната, разбрана и поддржана.