Размена на идеи за добри практики
Во Струмица се одржа 2.Меѓународен форум во организација на Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица . Излагања на Форумот имаа нашите колешки:
Розета Огненоска Донакова на тема „Инклузивни библиотеки: Пристап и услуги за лица со визуелна попреченост“;
м-р Александра Јуруковска на тема „Од Европа до Скопје: јавната библиотека како место на книжевна интерконекција“;
Александра Божиновска и библиотекар-советник Јулија Симовска -Динковска имаа видеопрезентација на тема “Споделување на добри практики во работењето на јавните библиотеки;
Форумот беше од меѓународен карактер, а беше поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес од областа на библиотечната дејност за 2025 година.
Носители на проектот се м-р Аница Глигорова Милева, библиотекар-советник и м-р Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар
На колегите од Струмица им благодариме на поканата и добрата организација. За уште многу заеднички средби и идеи за унапредување на библиотеките и библиотекарството