Produkcija

Izvori

 

 

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа 2024.

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа,  Библиотека во Штип го одбележа со промоција на романот „ЦРВЕНА МЕСЕЧИНА“ од авторкатa Вера Симовска, промотор беше Соња Поповска-Трајковска, скулптор - мултимедијален уметник. Романот во 2023 година излегува од печат и е посветен на жената, инспириран од вистинска приказна што добила едно проширено книжевно-уметничко руво. Исечоци од книгата ни читаа Јована Бурева и Борјана Динушева од СОУ „Славчо Стојменски“ Штип, збогатени со 3 музички изведби на учениците и професорот Трајче Роглев, од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. На крајот авторката Вера Симовска зборуваше за идејата и испирацијата за овој роман посветен на жената кој е вистинска но и поучна приказна.