Produkcija

Izvori

 

 

„Дневна соба на градот“ Битола

Во рамките на реализација на најновите концепти и програми од областа на библиотечно работење подржани од Министерството за култура, Ве покануваме да присуствувате на отворањето на новиот мултифункционален простор во библиотеката „Дневна соба на градот“ Битола.

За прв пат во нашата држава се промовира библиотечен интерактивен простор познат во светот како Community hub, кој ќе биде мобилен и наполно прилагоден кон граѓаните и нивните потреби за квалитетно поминување на слободното време. По пример на скандинавските библиотеки просторот има потенцијал за реализација на различни содржини поврзани со квалитетно користење на слободното време, можноста за користење на друштвени игри, добивање на различни информации, користење на бесплатен интернет и многу други програми креирани во соработка со граѓаните.