Produkcija

Izvori

 

 

Библиотека од Охрид прогласена за Библиотека на годината

Библиотекарското здружение на Македонија  ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  за „Библиотека на годината“.
Во образложението на Комисијата се вели: – По внимателно разгледување на приложените  документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива  Основното  училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јованоски. Признанието ќе се додели на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, соопштија од БЗМ.