Дигитални услуги во библиотеките 2.0
Во Бања Врујци (Р. Србија) во организација на здружение (InternetClub Srbija) на креатори создадени за поврзување на креативните и бизнис интересите поврзани со заеднички и успешни перформанси на глобалната компјутерска мрежа од 4 -6 јуни е организиран Акредитиран семинар за стручното усовршување на тема „Дигитални услуги во библиотеки 2.0.“ Библиотекари од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина имаа прилика да се запознаат со иновативните услуги и алатки за дигитализација наменети за библиотечните корисници.
На Семинарот од Македонија беа присутни библиотекари и стручни лица од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и НУ УБ „Св. Климент Охридски“, кои ги претставија своите програми и идеи за реализација на иновативните програми поврзани со дигитални услуги во библиотеки 2.0. Здружението ИНОВА Либ беше претставено од библиотекари од Радовиш и Пехчевo.
Врвните предавачи од областа на библиотечната дејност др. Адам Софронијевиќ, Весна Црнковиќ, представници од Министерство за култура на Р. Србија одговорни за дигитализација дипл. Инж. Вукосав Средојевиќ и др. Дејан Маслинковиќ. Во улога на медијатор и обединувач на идеи за демистификација на дигитализација.
Практичниот дел на Семинарот даде насоки за подобро искористување на постоечките ресурси на библиотеките како во однос на опрема, така и во однос на стручниот кадар. Саемот на идеите и рад по групи донесе многу корисни и применливи идеи за проекти во иднина базирани на процесите на дигитализација, односно спој на аналогни и дигитални услуги за библиотечните корисници.