Produkcija

Izvori

 

 

Прирачникот „Универзална децимална класификација“

Во издание на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје излезе од печат библиотекарскиот прирачник „Универзална децимална класификација“ од авторите Силвана Јакимова, библиотекар-советник и Радослав Љубиќ, библиотекар-советник. Овој Прирачник е наменет, пред сѐ, за училишните библиотеки (основни и средни), но истиот можат да го користат и библиотекари од други видови библиотеки. Опфатот на Прирачникот ги задоволува потребите на библиотекарите во процесот на стручна обработка - класификација на библиотечниот материјал со кој располага одредена училишна или друг вид библиотека. „Универзална децимална класификација“ е заеднички проект на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје и Градот Скопје како нејзин основач и ментор, кој финансиски го помогна овој проект. Авторите Силвана Јакимова и Радослав Љубиќ изразуваат голема благодарност до Градот Скопје и до Градоначалникот кои овoзможија финализација на овој проект, како и на Сузана Данаилова - директор на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, главен и одговорен уредник на ова издание, за посветеноста и решеноста Прирачникот да ја „види“ светлината на денот.